Финска започна дебата за членството во НАТО

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Финска започнува дебата што може да доведе до тоа земјата да поднесе барање за членство во НАТО во рок од неколку недели.Според финското Министерство за надворешни работи, извештајот на Владата објавен денеска, во кој ќе се испитува дали безбедносната средина е значително променета, ќе помине низ парламентот, пишува Би-би-си.

Воведна дебата е планирана за една недела подоцна.

До неодамна, повеќето Финци не сакаа да влезат во НАТО, но руската инвазија на Украина предизвика некои преиспитувања, а најновите анкети покажуваат дека сега мнозинството го поддржува членството.

Русија ги предупреди и Финска и Шведска да не се приклучат кон НАТО, тврдејќи дека потегот нема да донесе стабилност во Европа.

Прочитајте ги сите новости за Украина во нашиот БЛОГ ВО ЖИВО и на страницата ВОЈНА ВО УКРАИНА.

Share This Article