More

    Финалето во Лигата на шампиони ќе се одигра во Париз

    spot_img

    Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави денеска дека донела одлука да го премести одигрувањето на финалниот натпревар во Лигата на шампиони (ЛШ) од Санкт Петерсбург во Париз, имајќи ја предвид руската инвазија на Украина.

    Согласно одлуката на УЕФА, финалето во најелитното европско клупско натпреварување ќе се одигра на 28 мај на стадионот „Стад де Франс“, на кој се одржа и финалето во 2006 година, кога Барселона го победи Арсенал.

    УЕФА, исто така, додаде дека сите домашни натпревари на украинските и руските клубови и репрезентации, кои учествуваат во европските натпреварувања, ќе се играат на неутрални терени додека не биде донесена нова одлука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img