More

    Филозофскиот факултет врие од политички притисоци, укажува Студентски отпор

    spot_img

    Во пресрет на изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Филозофскиот Факултет се врши огромен притисок врз студентите од страна на професорите, обвинуваат група студенти од движењето Студентски отпор во отворено писмо до јавноста.

    Причина за овие превирања на Факултетот, кои имаат политичка заднина, е овогодинешниот избор за нов декан на Филозофскиот факултет, каде што право на глас имаат именувани студенти од Факултетското студентско собрание.

    „Овие денови се нарушува студентската автономија затоа што професори и од едниот и од другиот „тим” во оваа нивна политичка битка вршат притисоци врз студенти за избор на овој или оној кандидат за претседател на Факултетското собрание, надевајќи се дека тој кандидат ќе им донесе глас повеќе при изборот на нов декан на Филозофскиот факултет.

    Ваквите игри не само што ја нарушуваат студентската автономија, која е загарантирана, туку и сериозно го поткопуваат и нарушуваат кредибилитетот на УКИМ, како најстар универзитет во Македонија.

    Апелираме до студентите на Филозофски факултет доколку почуствуваат закани, притисоци од професорите да се обратат до Студентски отпор, а при изборите да гласаат по сопствена волја” – се вели во соопштението на Студентски отпор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img