Филмскиот режисер Стивен Спилберг (75) во текот на својата кариера работел со бројни познати актери, меѓу кои Леонардо Дикаприо и Том Круз, но ниту еден од актерите со кои работел не му е омилен актер.
Спилберг гостувал во едно интервју во кое дошле до темата на неговиот разговор со колегата Стенли Кјубрик. Имено, дуото разговарало за филмот на Кјубрик „The Shining“ (Исијување), а Спилберг го изразил своето незадоволство од глумата на главниот актер Џек Николсон. Стенли го прашал кој е меѓу неговите 5 омилени актери, а одговорот на Спилберг ги изненадил сите. Ниту еден од актерите со кои работел не бил на неговата листа.
Прв на листата бил Спенсер Трејси, кој е познат по улогите во „Погоди кој доаѓа на вечера“ и „Татко на мојата невеста“. Следен е Хенри Фонда кој глумеше во „Беше еднаш на Дивиот Запад“. Меѓу нив се нашол и Џими Стјуарт, а негова најпозната улога му беше во филмот „Прекрасен живот“. На листата се нашол и Кери Грант, познат по улогата во филмот „Север-северозапад“, „Држете го крадецот“. Последната личност која Спилберг ја спомна беше Кларк Гејбл, кого имавме можност да го видиме во филмот „Однесено со виорот“.