More

    Филм со најголема заработувачка во 2023 година

    spot_img

    „Барбенхајмеровата треска“ со два многу очекувани, но сосема различни филма кои истовремено дојдоа во кината, предизвика огромни гужви во кината.

    Новиот филм „Барби“ со Марго Роби во улогата на легендарната кукла викендов доминираше во кината со заработка од 155 милиони долари, со што стана филм со најголема заработка во 2023 година, објави во неделата дистрибутерот „Ворнер брос“ пренесува Хина.

    Филмот „Опенхајмер“ на режисерот Кристофер Нолан за создавањето на атомската бомба ги надмина очекувањата и заработи 80,5 милиони долари во американските кина. Битката за првото место на шега беше наречена „Барбенхајмер“.

    Податоците за заработката се значителен поттик за студијата и кината кои досега имаа разочарувачко лето. Продажбата на билети падна под нивото од минатата година и покрај повеќе филмови во кината.

    Треската на „Барбенхајмер“ со два силно исчекувани, но сосема различни филма кои во исто време дојдоа во кината, предизвика огромни гужви во кината.

    „Барби“ е филм за кукла која дебитирала пред 60 години, од перспектива на режисерката на „Малите жени“, Грета Гервиг. Заработувачката од 155 милиони во првата недела од прикажувањето, ја надмина заработувачката на „Супер Марио Брос“ во април. „Барби“ е и режисерски филм со најдоброто отворање досега.

    Во драмата „Опенхајмер“, Килијан Марфи го игра американскиот научник Џ. Роберт Опенхајмер кој ја создал атомската бомба. Филмот доби одлични критики и се очекува да биде номиниран за многу Оскари.

    Филмот заработи дополнителни 93,7 милиони долари на меѓународните пазари за вкупно 172,2 милиони долари, според дистрибутерот „Јуниверзал пикчр“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img