Британскиот пејач и тапанар Фил Колинс го одржа својот последен концерт во Лондон, а со него настапија и Мајк Радерфорд и Тони Бенкс, колегите од музичката група Genesis.
Веќе изнемоштениот музичар го мина целиот настап седејќи на столче. Збогувањето со публиката беше емотивно, но и смешно – во еден миг тој се пошегува дека „по пензионирањето од музиката ќе мора да бара друга работа“.
Концертот се одржа во рамки на турнејата „The Last Domino?“, којашто се одржа по пауза од 14 години.
Групата Genesis е основана 1967 година, а светската слава ја стекна во седумдесеттите. Но, Колинс имаше и завидна солистичка кариера во осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век. Некои од неговите најпознати хитови се „In the Air Tonight“, „One More Night“ и „Another Day in Paradise“.