More

    Ферстапен и Хамилтон не стигнаа до целта

    spot_img

    Карлос Саинц и Шарл Леклер направија двојна победа за Ферари на трката за ГН на Австралија во Формула 1, а Шпанецот го презеде водството во вториот круг и остана во водство до финишот.

    Големиот фаворит Макс Ферстапен со Ред Бул се повлече во третата рунда поради оштетување на задната десна сопирачка, која се запали. Пред тоа, Макс погреши во комплексот свиоци 2 и 3, што му овозможи на Саинц веднаш да го нападне и да го престигне за лидерската позиција. Верстапен потоа забави и излезе од патеката поради оштетувањето.

    Леклер имаше проблеми со рамнотежата на болидот на стартот, но потоа успеа повторно да излезе втор и да ја задржи таа позиција, и покрај тоа што возеше со гуми кои беа 5 круга постари од тие на Ландо Норис од Мекларен.

    Возачите на Мекларен ги заменија местата по наредба во бокс, а Оскар Пјастри заврши на 4-то место, додека колегата на Верстапен во Ред Бул, Серхио Перез, заврши петти.

    Другата голема ѕвезда што отпадна во Мелбурн беше седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој се повлече поради дефект на моторот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img