More

    Новак Ѓоковиќ со победата над Тејлор Фриц стигна до својот 33-ти последователен триумф на Австралија опен и со тоа го израмни рекордот на Моника Селеш, уште една тениска легенда од југословенските простори

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ со победата над Тејлор Фриц стигна до својот 33-ти последователен триумф на Австралија опен и со тоа го израмни рекордот на Моника Селеш, уште една тениска легенда од југословенските простори.

    Српскиот ас по мечот со голема почит зборуваше за Моника и откри дека таа му била идол кога почнал да игра тенис.

    – Ја сакам Моника, Моника ми беше во главата кога растев во Србија, секој ден. Јелена Генчиќ работеше и со Моника, па слушнав многу за неа – како спие, јаде, тренира… ова или она… Ми беше еден од идолите во детството, бев нервозен кога требаше да ја запознаам. Имаше неверојатна кариера, играше особено добро овде – сите се прашуваме колку далеку можеше да отиде ако не се случеше тоа што се случи. Сѐ најдобро за неа – рече Новак Ѓоковиќ во поздравниот говор.

    Моника Селеш го слушнала говорот на Ѓоковиќ во Мелбург и му испратила моќна порака.

    „Одамна престанав да му ги бројам грен слем титулите на Новак – одамна знаев дека ќе ги собори сите рекорди и ќе постави многу тешки граници за следните генерации. Посакувам само да игравме во иста ера, ќе беше супер да одигравме еден микс заедно, тоа би било феноменално. Новак, благодарам за почитта и – одиме, победи на Австралија Опен“ – напиша воодушевената Моника на Инстаграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img