Португалскиот фудбалер Жоао Феликс изјави дека е среќен што ќе го постигне својот деби гол за Челзи.
Феликс постигна гол во ремито 1:1 на гостувањето кај Вест Хем.
„Мислам дека направивме доволно за да победиме, но тоа е фудбалот. Мора да прифатиме дека Вест Хем добро се бранеше во текот на целиот натпревар. Во првиот половина час трипати ја испраќавме топката во мрежата, двапати од офсајд, но поентата е што тогаш изгледавме добро, бидејќи создадовме многу шанси. Имаше позитивни работи“, рече 23-годишниот и додаде:
„Многу ми значи тоа што го постигнав мојот прв гол. Беше тежок почеток за мене, поради суспензијата веднаш бев надвор од теренот околу еден месец (црвен картон на дебито). Сакам само да играм, бев пресреќен кога постигнав гол. Се надевам дека може да биде прв од многуте“.
Челзи е само деветти на табелата во Премиер лигата со 31 бод.