„Се враќаме денеска од плажа (на втор крак) и колата ја најдовме ваква… Кој и зошто ги напиздил Грците, до вчера беа многу љубезни?“
Вака гласи една од објавите на Твитер, зачинета со фотографија на којашто е прикажано искршено автомобилско стакло.
Објавата масовно се споделува на социјалните мрежи откако новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова одби да ја изговори придавката „Северна“ за време на заклетвата.
Ваквата објава за малку ќе успееше да го постигне ефектот и да создаде паника кај македонските граѓани кои планираат наскоро да заминат на одмор во Грција, но за среќа, за брзо време беше откриено дека станува збор за лажни профили кои буквално измислуваат „инциденти“ во Грција.