More

    Во првите три месеци од годинава општините во државата пријавиле вкупни доспеани а неплатени обврски во износ од 56,4 милиони евра

    spot_img

    Во првите три месеци од годинава општините во државата пријавиле вкупни доспеани а неплатени обврски во износ од 56,4 милиони евра. Во однос на декември лани долгот е намален за 2,3 милиони евра, пишува Порталб.мк.

    На новата должничка листа има „ротации“ на позициите на најзадолжени општини. Помали локални самоуправи испливуваат со милионски долгови.

    На новата „должничка листа“ во првите десет ги нема општините, но сепак дел од нив високо котираат според износот на долговите, а дел пак само за три месеци значајно ги зголемија доспеаните а неплатени обврски. На крајот од март годинава најзадолжена е Општина Гостивар која го „украде“ приматот на Општина Тетово, која пак на крајот на минатата година беше прва во друштвото на „најзадолжени општини“

    Општина Гостивар на крајот од првиот квартал од годинава пријавила неплатени обврски во износ 9,5 милиони евра што е за 1,2 милиони евра повеќе во однос на состојбата на крајот на декември лани.

    Зад оваа општина според износот на долгови е Град Скопје со доспеани а неплатени обврски од 9,3 милиони евра или 2 милиони евра повеќе во однос на декември 2023 година.

    Општина Тетово во анализираниот период имала доспеани долгови во износ од скоро 9,1 милион евра што е раст на долгот од 720.600 евра за три месеци.

    Четврта најзадолжена е Општина Делчево со износ од 3,1 милион евра со минимално зголемување од само 1 000 евра за три месеци, а на петто место избива Општина Кисела Вода со доспеани а неплатени обврски во износ од 1,6 милиони евра, што е за 190 600 евра помалку во однос на состојбата на крајот на декември лани а веднаш зад оваа општина сеОпштина Кочани и Општина Кавадарци со по 1,5 милиони евра доспеани а неплатени сметки, и Општина Василево со износ од 1,4 милион евра.

    Општина Струга на крајот на март годинава пријавила доспеани обврски во износ од скор 1,5 милиони евра што е за скоро 225.000 помалку во однос на декември 2023. Зад оваа локална самоуправа на ранг-листата е Општина Врапчиште со должнички износ од 1,3 милиони евра. Општина Чаир пријавила долгови од скоро 1,1 милион евра а зад неа се Општина Прилеп со доспеани а неплатени обврски во износ од 1 милион евра и Општина Липково со 904.000 евра, по што следуваат останатите локални самоуправи со долгови пониски од оној на Липково.

    Сите општини во земјава во првото тримесечје пријавиле обврски во износ од 56,4 милиони евра додека во декември лани долговите изнесувале 58,7 милиони евра.

    Само првите пет најзадолжени локали самоуправи имаат доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 33 милиони евра што претставува дури 58% од вкупниот долг на сите општини. „Порталб“ веќе објави дека на крајот на првиот квартал од годинава вкупниот „внатрешен“ долг достигна скоро половина милијарда евра што е за дури 82 милиони евра повеќе во однос на декември лани. Најголем дел од вкупната должничка сума, или 235,4 милиони евра отпаѓа на државните ЈП и фирмите формирани од државата а втори се општинските ЈП со износ од 76,7 милиони евра. На новата листа на Министерството за финансии се наоѓаат 954 должници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img