Федералниот апелационен суд му нареди на адвокатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да му ги предаде документите на обвинителството во истрагата за задржувањето на доверливите документи на поранешниот претседател на неговиот имот на Флорида, пишува Асошиетед прес.Налогот на советот од тројца судии е запечатен и ниту една од странките не се споменува по име.
Деталите, сепак, се чини дека се совпаѓаат со спорот зад затворени врати пред судијата на понискиот суд за тоа дали Еван Коркоран би можел да биде принуден да приложи документи во истрагата на специјалниот советник на Министерството за правда за тоа дали Трамп погрешно постапил со строго доверливи информации во неговиот дом.
Минатиот петок, главниот судија на Окружниот суд на Соединетите Американски Држави, Берил Хауел, му нареди на Коркоран да одговори на дополнителни прашања пред големата порота.