More

    ФБИ уби човек кој му се заканувал на Бајден

    spot_img

    Специјални агенти на ФБИ убија маж од Јута обвинет за закани на американскиот претседател Џо Бајден за време на рација во средата, само неколку часа пред да пристигне американскиот претседател во државата.Во рацијата загина Крег Робертсон, кој е обвинет дека упатувал закани кон американскиот претседател објавени на Интернет пред неговата посета на Јута.

    Претресот на домот на Робертсон во градот Прово, јужно од Солт Лејк Сити, во 6:15 часот по локално време резултирал со пукање, се вели во соопштението на ФБИ.

    Во септември, Робертсон објави онлајн повик за атентат на претседателот Бајден и потпретседателката Камала Харис, според судските документи.

    Тој, исто така, упати онлајн закани до Бајден во понеделникот.Тој најави дека планира да ја облече старата маскирна униформа и „да ја исчисти прашината од снајперската пушка М24“, потврдија официјални лица. Во друга објава на Интернет, Робертсон себеси се нарекува „МАГА Трампер“, мислејќи на слоганот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп „Направете ја Америка повторно голема“.

    Објавите сугерираа дека тој поседувал снајперска пушка со долг дострел и многу други оружја, како и маскирна опрема, велат истражителите во судските поднесоци.

    Робертсон, исто така, им се заканувал на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, на државниот обвинител Мерик Гарланд и на државниот обвинител на државата Њујорк Летиција Џејмс, според судските поднесоци.

    „Моментот е погоден за еден или два атентати. Прво Џо, потоа Камала“, објави Робертсон во септември 2022 година, според истражителите.

    ФБИ се уште не објави детали за пукањето во кое загина Робертсон. Бајден во средата го посети Ново Мексико, каде што разговараше за производството на ветерници и зелената енергија, а требаше да лета за Јута во текот на денот.

    Политичкото насилство во поларизираните Соединетите Држави се зголеми во последниве години, при што извештајот на Ројтерс објавен во средата покажува дека е на најлошото ниво од 1970-тите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img