More

    Фани Каранфилова избрана за заменичка на Филипче

    spot_img

    СДСМ на денешниот 30. конгрес на партијата го избра новиот Централен одбор, а до крајот на неделата ќе биде избрано и целото ново раководство. За нова заменик претседателка беше избрана Фани Каранфилова.

    – Таа е човек со кој јас се познавам долго време, и знам дека ги носи во себе и цврсто верува во социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации, најмногу во Фондацијата Отворено Општество и соработувала со други правни субјекти кои ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија – изјави претседателот на СДСМ Венко Филипче.

    На конгресот, на кој присуствуваа 536 од 626 нови делегати. Целата листа на избрани членови на Централниот одбор може да се види на следниот линк.

    – Првиот состанок на новиот Централен одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, потпретседателите и секретарите на партијата, со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на новото партиско раководство – рече Филипче.

    Без да соопшти детали кои се лицата што ќе бидат дел од партиското раководство, лидерот на СДСМ рече дека тоа ќе бидат млади, енергични лица кои досега не биле на ниту една висока партиска функција и дека тоа најверојатно ќе биде соопштено до крајот на неделата во четврток или во петок.

    Запрашан зошто на конгресот не беше присутен Зоран Заев, поранешен лидер на партијата, рече дека тој не бил физички присутен тука.

    Пред партиските делегати претседателот на партијата Венко Филипче истакна дека денешниот Конгрес е пресвртница во опозициското дејствување на СДСМ, нов почеток и борба и надеж дека партијата може да се врати таму каде и е местото, на победнички патеки.

    Тој посочи дека во изминатите пет месеци се сретнал со многу луѓе, дека со многу критики се согласува и оти советите на сите добронамерни луѓе ќе бидат водилка за новото раководство, но дека никогаш нема да прифати и да подлегне на оние кои потајно сакаат СДСМ да не го биде, кои шират дефетизам и го парализираат опозициското делување.

    – СДСМ нема да се откаже, тоа треба на сите да им биде јасно. Напротив, СДСМ ќе го биде и СДСМ ќе се врати посилен. Оваа партија не е ничија лична сопственост. Ниту на Бранко, ниту на Заев, ниту на Владо, Радмила, Димитар, а најмалку моја, рече Филипче додавајќи дека СДСМ не смее и нема никого да заборави. Ќе соработувам, рече тој, со сите за да се спротивставиме на лошите политики на власта. За СДСМ нема друга алтернатива – потенцира Филипче, освен да ги помине и овие опозициски премрежија, да се издигне и да се врати уште посилен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img