More

    Фалат градежници, просветни и здравствени работници во Германија

    spot_img

    Недостигот од квалификувани работници во Германија е зголемен, а посебен недостиг се чувствува во градежниот сектор, но и во образовниот и здравствениот сектор, објави денеска Институтот за германска економија (IW).

    „Минатата година во просек на 201.411 отворени работни места во занаетчискиот сектор на располагање беа 139.256 соодветни работни кои бараа работа“, се вели во извештајот на Институтот за германска економија.

    Ова го запре трендот на опаѓање на побарувачката за занаетчии, што беше забележливо за време на кризата со корона пандемијата.

    Недостигот од работници е особено силен во градежниот сектор, а недостигаат и водоинсталатери и монтери на парно греење. Недостигот е забележлив и во образованието за овие занимања.

    Јавниот сервис АРД известува дека постои загриженост дека недостигот од квалификувани работници може да го забави политички детерминираниот процес на преминување на обновливи извори на енергија. Многу компании не можат да ги исполнат нарачките на клиентите кои сакаат да инсталираат соларни ќелии или топлински пумпи поради недостиг на работници.

    Владината Зелена партија проценува дека 440.000 работници би можеле да недостигаат во 2030 година во секторите клучни за транзицијата кон обновлива енергија.

    Според извештајот на IW, недостигот на работна сила се чувствува не само во занаетчиството, туку и во образовниот и здравствениот сектор.

    Синдикатот на вработените во образованието (ГЕВ) проценува дека може да има недостиг од 200.000 во предучилишниот сектор во следните пет години и до 250.000 во училишниот сектор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img