Иако се нарекуваат јаткасти плодови, ботанички ф’стаците се семки. Луѓето ги јадат илјадници години и тоа не без причина. Освен што се вкусни, ф’стаците се и хранлив додаток во вашата исхрана.
Тие се состојат од 20% протеин, што е многу поголем сооднос на калории и протеини од повеќето јаткасти плодови. Протеините ви помагаат подолго да се чувствувате сити, а со тоа ви помагаат да ја контролирате вашата тежина.
Што содржат ф’стаците?
Ф’стаците можат да се пофалат со голема количина на антиоксиданти, веднаш зад обичните и пекан оревите. Антиоксидантите помагаат во борбата против слободните радикали, соединенија во вашето тело кои можат да ги оштетат клетките, протеините и ДНК, предизвикувајќи предвремено стареење, како и болести како рак, дијабетес и срцеви заболувања.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.