Капацитетите на складиштата за гас во земјите членки на ЕУ се речиси полни (95%) на месец и половина пред доаѓањето на зимата, покажуваат податоците на Европската комисија.
Според прописите што ги усвои Европската Унија, магацините на 1 ноември мора да бидат со капацитет од 90%, но поголемиот дел од земјите ја надминаа целта.
Складиштата за гас служат за амортизирање на ненадејните скокови во потрошувачката.
Од почетокот на војната во Украина, ЕУ се обидува да ја елиминира зависноста од рускиот гас.