More

    Европскиот парламент изгласа резолуција за Србија

    spot_img

    Европскиот парламент изгласа резолуција со која бара меѓународна истрага за наводните нерегуларностите за време на изборите одржани минатиот декември во Србија, како и суспендирање на европските фондови, доколку се докаже дека властите биле директно вмешани во измама на гласачите, пренесе РСЕ.

    За резолуцијата на Европскиот парламент за ситуацијата во Србија по изборите гласаа 461 пратеник; против биле 53, а воздржани 43.

    Европскиот парламент повикува на независна истрага од страна на почитувани меѓународни правни експерти и институции за нерегуларности на парламентарните, покраинските и локалните избори, со посебен осврт на изборите за собранието на град Белград, бидејќи одредени обвинувања се прошируваат, вклучително и оние за организирана миграција на гласачите на локално ниво надвор од опсегот опфатен во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР“, се вели во изгласаната резолуција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img