More

    Европскиот парламент денеска го одобри барањето на Белгија за исплата на помош на 365 поранешни работници од компанијата за трговија на мало „Mеч-Смеч“, кои останаа без работа по пропаѓањето на нејзината белгиска подружница

    spot_img

    Европскиот парламент денеска го одобри барањето на Белгија за исплата на помош на 365 поранешни работници од компанијата за трговија на мало „Mеч-Смеч“, кои останаа без работа по пропаѓањето на нејзината белгиска подружница.

    Согласно планот, од Европскиот фонд за прилагодување на отпуштените работници на глобализацијата (ЕГФ) на поранешните вработени во „Mеч-Смеч“ треба да им бидат исплатени 2,7 милиони евра, како помош за евентуална преквалификација или до ново вработување.

    Според податоците, речиси половина од овие работници се на возраст од над 50 години, поради што тешко можат да најдат ново вработување.

    За мерките за поддршка на поранешните работници на „Меч-Смеч“, Белгија предвиде 3,1 милиони евра, од кои 85% или 2,7 милиони евра ќе бидат финансирани од ЕГФ, а останатите 15% или речиси 470.000 евра ќе ги обезбеди Регионалната влада на Валонија.

    „Mеч-Смеч“ беше белгиски трговски синџир во сопственост на корпорацијата „Луј Делез Груп“ со над 200 супермаркети во Белгија, Франција и Луксембург.

    Поради загуба, лани во септември „Луј Делез Груп“ соопшти дека 57 од своите 77 супермаркети во Белгија ќе ги продаде на конкурентскиот ланец „Колруј“, а останатите ќе ги затвори, со што без работа останаа 690 работници. Поголемиот број од маркетите на „Mеч-Смеч“ во Франција беа продадени на „Карфур“, а во Луксембург на „Е.Леклер“, додека преостанатите беа затворени со згаснувањето на компанијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img