More

    Европскиот парламент бара независна и транспарентна истрага

    spot_img

    Пратениците на Европскиот парламент денеска усвоија резолуција во која се наведува дека руската држава и нејзиниот претседател Владимир Путин „лично“ сносат кривична и политичка одговорност за смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални и дека мора да одговараат за тоа.

    Европскиот парламент остро го осудува „убиството на Алексеј Навални“ и дава целосна поддршка на неговата вдовица во нејзините напори да продолжи по неговиот пат.

    Пратениците предупредија дека убиството на Навални е уште еден знак за растечка и систематска репресија во Русија и бараат независна и транспарентна меѓународна истрага за неговото убиство со цел да се открие вистината, да се обезбеди одговорност и правда, се наведува во соопштението на Европскиот парламент.

    „Политичкиот систем на Русија е под контрола на авторитарен режим со широко распространета корупција, кој користи наместени избори како привид на демократија и ја концентрира целата моќ во рацете на Владимир Путин“ –  се додава во резолуцијата.

    Пратениците ја повикуваат ЕУ, нејзините земји-членки и партнерите истомисленици ширум светот да ја продолжат својата политичка, економска и воена поддршка за Украина, бидејќи тоа е најдобриот одговор на агресивните практики на режимот на Кремљ.
    Одлучувачката победа на Украина може да доведе до вистински промени во Руската Федерација, особено до деимперијализација, деколониализација и рефедерализација, а сето тоа се неопходни услови за воспоставување на демократија во Русија, смета Европскиот парламент.

    Резолуцијата беше усвоена со 506 гласа „за“, 9 „против“ и 32 „воздржани“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img