ЕВРОПСКИ КВИЗ НА ПАРИ 2023

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

МАКЕДОНСКАТА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА

во соработка со

Народната банка на Република Северна Македонија и

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија

објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до основните и до средните училишта во Република Северна Македонија

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар ‒ Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.

Европски квиз на парите се одвива во две фази: првата се националните натпревари во секоја земја, а втората фаза е европското финале во кое учествуваат победниците на националните натпревари.

- Advertisement -
Ad image

Во Република Северна Македонија националниот натпревар ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите (од 20 до 26 март 2023 година) на македонски и на албански јазик, во два круга:

прв круг: онлајн натпревар за селекција на најдобрите 3 тима;

втор круг: најдобрите 3 тима со физичко присуство се натпреваруваат за титулата национален шампион.

- Advertisement -
Ad image

Тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале коешто ќе се одржи на 16 мај 2023 година во Брисел, Кралството Белгија. Секој тим се натпреварува на својот мајчин јазик.

Европската банкарска федерација ќе им додели парична награда на училиштата коишто ќе освојат прво, второ и трето место.

Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена „Кахут“ (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра.

Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија, најдоцна до 17 февруари 2023 година, на веб страната на Македонската банкарска асоцијација: www.mba.mk ,или на електронската адреса: info@mba.mk.

Притоа, треба да се има предвид следново:

  • Учениците се натпреваруваат во тимови по двајца;

  • Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови и секој клас може да пријави повеќе тимови;

  • Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години, со датум на раѓање најдоцна до 15.5.2007 година;

  • Заедно со податоците за одделенијата/класовите, треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: www.mba.mk и www.ebf.eu .

Поддржано од:

Министерството за образование и наука на РСМ

Министерството за финансии на РСМ

Share This Article