Европската Унија ѝ испраќа помош на Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Советот на ЕУ попладнево усвои дополнителни мерки за поддршка на украинската војска во рамките на Европскиот мировен фонд, јави дописничката на МИА од Брисел.

Оваа шеста транша на помош во рамките на мировниот фонд изнесува 500 милиони евра, со што вкупниот износ сега достигнува 3,1 милијарди евра.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека мобилизирањето на дополнителни 500 милиони евра од страна на земјите членки на ЕУ е “уште еден доказ дека остануваме одлучни во нашата поддршка за украинските воени сили да ја бранат нивната од илегалната агресија на Русија која ескалира”.

Тој додаде дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина сѐ додека тоа биде потребно.

Со новиот пакет помош се испраќа смртоносна воена опрема во износ од 490 милиони евра и десет милиони евра опрема во облик на лична заштита, прва помош и гориво.

Претходните транши помош во рамките на Европскиот мировен фонд се одобрени во февруари, март, април, мај и јули оваа година.

Share This Article