More

    Европската унија и Украина формираа тим за истрага за воени злосторства

    spot_img

    ЕУ формираше заеднички истражен тим со Украина за да собере докази и да ги истражи воените злосторства и злосторствата против човештвото, изјави во понеделник претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.Фон дер Лајен телефонски разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот попладне за злосторствата откриени во Буча и другите области на Украина, откако беа напуштени од руските војници.
    „Сторителите на овие грозоморни злосторства не смеат да останат неказнети. ЕУ формираше заеднички истражен тим со Украина за да собира докази и да ги истражи воените злосторства и злосторствата против човештвото. ЕУ е подготвена да ги засили овие напори со испраќање истражни тимови на терен за поддршка на украинското обвинителство. Европравда и Европол се подготвени да помогнат“, рече Фон дер Лајен.

    Таа додаде дека се водат преговори меѓу Европравда и Меѓународниот кривичен суд за здружување на силите и дека судот треба да биде дел од истражниот тим.

    Ваквиот координиран пристап на украинските власти, Европската унија, нејзините земји-членки и агенции и Меѓународниот кривичен суд ќе овозможи собирање, анализа и обработка на доказите на најсеопфатен и најефикасен можен начин“, рече Фон дер Лајен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img