More

    Европската централна банка е во минус од 1,3 милијарди евра

    spot_img

    Во 2023 година, Европската централна банка (ЕЦБ) ја забележа првата годишна загуба во изминатите 20 години – пријави загуба од 1,3 милијарди евра за претходната година.

    Банката забележа значителни каматни расходи за клучните обврски, а приходите од камати на средства не се задржаа, бидејќи голем дел од каматите се со фиксни стапки или долги доспевања. Загубата ќе беше уште поголема доколку Европската централна банка не ја искористеше целата резерва за финансиски ризици од 6,6 милијарди евра минатата година.

    ЕЦБ објави дека очекува дополнителни загуби во следните неколку години кои нема да влијаат на „нејзината способност да води ефективна монетарна политика“, пред да се врати на одржлив профит.

    Управниот совет на Европската централна банка на крајот на споменатиот состанок во јануари одлучи да ја задржи референтната каматна стапка за операциите за главно рефинансирање на 4,5 отсто, каматната стапка на депозитите на четири отсто и маргиналната каматна стапка на 4,75 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img