More

    Европската комисија започна постапка против компанијата Мета за да процени дали компанијата, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, го прекршила Законот за дигитални услуги во областите поврзани со заштитата на малолетниците

    spot_img

    Европската комисија (ЕК) денеска започна постапка против компанијата Мета за да процени дали компанијата, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, го прекршила Законот за дигитални услуги во областите поврзани со заштитата на малолетниците.

    ЕК е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да поттикнат зависност во однесувањето кај децата, како и појава на таканаречен „ефектот на зајачка дупка“ која се карактеризира  со преплавување на  корисниците со слична содржина доколку покажат интерес за одредена тема.

    Покрај тоа, ЕК е исто така загрижена за методите за гаранција и проверка на возраста воведени од Мета.

    Законот за дигитални услуги има за цел да спречи нелегални и штетни активности на Интернет и ширење на дезинформации, како и да обезбеди безбедност на корисниците, да ги заштити основните права и да развие фер и отворена средина за интернет платформите.

    – Денеска започнуваме официјална постапка против Мета. Не сме убедени дека направи доволно за да ги исполни обврските од Законот за дигитални услуги за ублажување на ризиците од негативни ефекти врз физичкото и менталното здравје на младите Европејци на своите платформи на Фејсбук и Инстаграм – изјави европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон.

    Во соопштението на ЕК се објаснува дека постапката против Мета се однесува на тоа дали компанијата ги исполнила своите обврски според Законот за дигитални услуги во однос на проценката и ублажувањето на ризиците предизвикани од дизајнот на онлајн интерфејсот на Facebook и Instagram, кој може да ги искористи слабостите и неискуството на малолетници и предизвикуваат зависно однесување и/или го засилуваат „ефектот на зајачка дупка“.

    Ваквата проценка, се истакнува, е неопходна за сузбивање на можните ризици за остварување на основното право на физичка и ментална благосостојба на децата, како и за почитување на нивните права.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img