More

    Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник но и продолжуваат разговорите со потенцијалните идни коалициони партнери како што е коалицијата Вреди

    spot_img

    При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има доволен број пратеници за формирање на влада истакна дека во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано 61 пратеник но и продолжуваат разговорите со потенцијалните идни коалициони партнери како што е коалицијата Вреди.

    – можам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ги завршуваме разговорите со неколку од пратениците кои што не се дел од коалицијата „Твоја Македонија“ и во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник – кажа Мицкоски.

    Тој рече не може да зборуваво однос на деталите, но многу скоро од денеска вети дека јавноста ќе ги дознае деталите.

    – Состојбата е чувствителна, но како коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во парламентот покрај 58 пратеници кои што ги има автентично самата коалиција и очекуваме одлука на Управниот суд да видиме што ќе се случува со изборната единица 5 и 6, можам со задоволство да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник но тоа нема да не повлече од разговорите со идните потенцијални коалициски партнери како што е коалицијата „Вреди“, истакна Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img