Европската федерација на новинари (ЕФЈ) објави дека минатата година 18 европски новинари кои се занимаваат со еколошки прашања биле изложени на притисоци и тужби, објави Здружението на српските новинари.
„Европската федерација на новинари е загрижена за ризиците поврзани со климатското новинарство низ Европа и не потсетува на неопходноста медиумите да покриваат актуелни еколошки и социјални прашања“, се вели во соопштението.
ЕФЈ бара од надлежните органи да ги преземат сите неопходни мерки за новинарите и медиумските работници кои известуваат за теми од животната средина да можат да работат во најдобри можни услови и прецизно да известуваат за климатските промени.