More

    Европратеници бараат истрага за Икс

    spot_img

    Група европски пратеници бараат Европската комисија да истражи дали сопственикот на социјалната мрежа Икс, Илон Маск ја зголемува дистрибуцијата на сопствените коментари на начин што го прекршува правото на Европска Унија.

    Барањето уследи по објавената студија на Универзитетот во Квинсленд во Австралија, кој ја испитуваше распространетоста на коментарите на Маск во изминатите месеци.

    Маск, кој е сопственик и на „Тесла“ и на „Спејс Икс“, исто така е влијателен соработник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а неодамна беше номиниран да го води новиот Оддел за владина ефикасност.

    Барањето на ЕП го потпишаа 42 пратеници од различни фракции. Барањето сугерира дека алгоритмите неодамна се префрлија во корист на сопствените коментари на Маск. Ова ги вклучува и процесите со кои се одредува каде и како тие се појавуваат на платформата. Истражувачите известуваат дека откако Маск ја објави својата поддршка за Трамп во јули, бројот на прегледи на неговите коментари вртоглаво се зголеми.

    Иако коментарите на други влијателни политичари беа исто така често прегледувани за време на изборната кампања во САД, оние на Маск имаат неверојатно поголем пораст.

    Според авторите на студијата, резултатите сугерираат дека специфичните предности за видливост можеби селективно се применуваат на платформата.

    Европратениците стравуваат од влијание врз јавната безбедност.

    „Зголемувањето на прегледите на ставовите се однесува и на објавите на Маск за теми поврзани со ЕУ и нејзините земји-членки, за пријателската пропаганда кон Кремљ за војната во Украина и за антисемитските теории на заговор“, наведуваат европратениците во нивното писмено барање до ЕК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img