Маж кој во 2021 година извршил убиство од одмазда носејќи силиконска маска на старец беше фатен од Европол во вторникот во Белград. Европол заедно со српската полиција учествуваа во апсењето на М.К.(38) и наведуваат дека тој бил платен да го изврши убиството од организирана група со пиштол кој специјално бил донесен во Србија за таа цел.
М.К. се сомничи дека во 2021 година во Раковица го убил Зоран Ускоковиќ Сколе(23) со два истрели во негова непосредна близина. М.К. исто така носел бастун и се преправал дека тешко оди. Се смета дека М.К. ја добил наредбата да ја носи маската од Н.Ж. кој исто така беше уапсен во акцијата во вторникот.
Таткото на убиениот Сколе, Зоран Ускоковиќ Старији, беше убиен на 27 април 2000 година. Тој беше застрелан по голема потера, а со години се шпекулираше дека тој е оној кој стои зад организацијата на убиството на Жељко Ражњатовиќ Аркан.
Освен М.К. (38), вчера во Белград биле уапсени и Н.Ж. (45), А.Д. (31) и В.Б. (39) поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела тешко убиство и здружување за извршување кривични дела, се вели во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи.
Разузнавачките податоци добиени од Европол за време на неговата работа на кршење на шифрирани комуникациски платформи што ги користеле организирани групи биле клучни за идентификација на осомничениот за убиството, како и на организаторот, објави Европол.