More

    Европол: Осуммина уапсени во Романија за криумчарење мигранти по балканската рута

    spot_img

    Осум лица се уапсени во Романија поради криумчарење мигранти по балканската рута, соопшти Европол.

    Според информациите, станува збор за криминална мрежа која користела возачи вработени во романските приватни такси услуги за транспорт на мигранти од Турција, преку Бугарија и Романија, до Западна Европа, по цена од 5.000 и 10.000 евра за целото патување до крајната дестинација. беше објавено на веб-страницата на Европол.

    Во полициската акција беа претресени девет локации, од кои две се во Арад, по три во Букурешт и Темишвар и една во Орадеа.

    Уапсени се осум државјани на Романија и Сирија, запленети се документи, електронска опрема и готовина, а во една од „безбедните куќи“ се пронајдени 32 мигранти (девет ирачки и 21 сириски државјанин, како и уште две лица од непозната националност).

    Истрагата откри дека криминалната мрежа оперирала од Букурешт и ја користела Темишвар како центар за сместување и олеснување на транспортот на мигрантите. Осомничените регрутирале мигранти од Блискиот Исток, главно од Сирија, кои сакале да стигнат до западноевропските земји, особено Германија.

    Според информациите, водачот на криминалната мрежа, државјанин на Сирија, кој три години живеел во Романија, имал силни врски со други клучни организатори, со седиште во Истанбул, Турција. Тој делуваше како регионален координатор за криумчарење мигранти по тој дел од рутата. Тој, наводно, регрутирал романски таксисти за превоз на мигранти.

    Само во периодот од февруари до мај, романските власти открија пет случаи на криумчарење луѓе, во кои беа вклучени вкупно 70 илегални мигранти. Поединци се превезувале во камиони, скриени меѓу стока. Секој мигрант плаќал од 5.000 до 10.000 евра за целосна услуга за шверц до крајната дестинација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img