More

    Европејците јадат хрчаци и се мрзнат во новата честитка на руската пропаганда (ВИДЕО)

    spot_img

    Семејство од Западот слави Божиќ, а за јадење, наместо печено месо и богата трпеза фамилијата го зготвила хрчакот кој претходната 2021 година ѝ го дале како поклон на ќерката. Таткото го користи тркалото од хрчакот за со него да наполни струја за да ги вклучи светилките, затоа што оваа европска фамилија нема електрицитет поради тоа што им фали руски гас.

    Вака изгледа видеото кое го објави рускиот медиум РусијаДенес(РТ) со пораката „Среќен антируски Божиќ!“ на крајот.

    Набрзо твитерџиите ја нападнааа рекламата. Во соседна Србија имаше разни коментари. Ќерката на познатиот актер Драган Бјелогрлиќ, Миа, го осуди видеото:

    „Да смислиш нешто толку бизарно и одвратно и да се осмелиш да го пуштиш како ТВ реклама пред Божиќ. Ова е чисто зло и верувам дека голем дел од Русите се срамат“, вели таа.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img