More

    Европа и Балканот стравуваат од големи поплави како во 2002 година

    spot_img

    Централна Европа се подготвува за најтешките поплави во последните децении, поради минувањето на циклонот Борис, најавен за викендов.

    Според чешките и полските метеоролози, во некои области на нивните земји може да наврнат и до 400 литри дожд на квадратен метар во следните четири дена, а во Австрија и Словачка околу 200 литри.

    Локалните власти презедоа одредени заштитни мерки, како што се подигнување бариери за поплави и подготовка на вреќи со песок. Водоводните системи, особено кај браните, беа испразнети за да може да се прими толку многу вода. И армиитесе подготвени да помогнат.

    Откажани се десетици културни настани во регионот, вклучувајќи го и годишниот фестивал на виното во Знојмо, кој привлекува десетици илјади посетители. Откажан е и римскиот фестивал во Карнунтум во Австрија.

    Издадени се метеоролошки предупредувања за Полска за јужниот дел на земјата, првенствено за градовите на Одра како Вроцлав и Ополе. Во Вроцлав, кој има 675.000 жители, општината формираше кризен штаб.

    Според чешкиот министер за животна средина, Петар Хладик, ситуацијата во земјата „може да биде слична на онаа од 1997 и 2002 година Поплавите во 1997 година ја погодија Моравија, на истокот на Чешката Република“. Загинаа 50 луѓе, а имаше неколку милијарди долари штета. Токму во тој регион овој пат се очекуваат најлошите последици.

    Според австриската телевизија ОРФ, нивото на водата на Дунав би можело да се искачи на нивоа што не се забележани 5 до 10 години.

    Австрискиот канцелар Карл Нојхамер рече дека армијата е подготвена да распореди до илјада војници доколку е потребно. Во состојба на готовност се и словачката армија и доброволните пожарникари.

    Врнежите би можеле да бидат поголеми од оние што ја погодија централна Европа во 2013 година, кои тогаш се сметаа за најлоши во последните илјада години, предупредува словачката метеоролошка служба imeteo.sk.

    Со движењето на студениот бран над Европа кон исток, на Кредарица во Словенија падна првиот снег.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img