Еврокомесарот Оливер Вархеји е подготвен да се сретне со организациите на македонските Бугари доколу тие побараат средба со него, јавуваат бугарските медиуми.
– Мојата врата е секогаш отворена за секоја заинтересирана страна од која било земја кандидат – изјави Вархеји.
Еврокомесарот бара македонските власти да го откријат извршителот на вчерашниот напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис“ во Охрид.
– Секој напад врз која било заедница во Македонија мора да биде следен од полицијата и од владата. Свесен сум за вчерашниот напад (врз клубот на македонските Бугари во Охрид). Се надевам дека владата ќе го стори истото како и во претходниот случај (нападот на клубот во Битола на почетокот на август) – вели тој.