Евроамбасадорот Дејвид Гир даде препорака од Радовиш

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЕУ отсекогаш смета дека е многу важно да се има јавна дебата поврзана со уставните измен, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир на денешната посета на Радовиш, пренесува МИА.

Евроамбасадорот нагласи дека ЕУ го поздравува усвојувањето на текстот за уставните измени во самата Влада, но нагласува дека прашањето во врска со уставните амандмани е суверена одлука на земјата.

– Ние како ЕУ секогаш сме велеле дека е многу важно да се има јавна дебата поврзана со уставните измени. Се разбира дека тоа што се случи со усвојувањето на текстот за уставните измени во самата Влада, го поздравуваме, по што следи, самиот процес во Собранието, меѓутоа би сакал исто така да потенцирам дека прашањето во врска со уставните амандмани, тоа е суверена одлука на вашата земја, рече евроамбасадорот Дејвид Гир.

Според него, пратениците во Собранието кога ќе ги разгледуват предлозите, односно текстот на уставните измени, секогаш треба во прв план да го имаат националниот интерес на државата и секогаш на ум да ја имаат европската иднина на земјата.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, во рамките на „ЕУ со ТЕБЕ“, денеска се сретна со градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, членовите на Советот на Општината и администрацијата и претставници на граѓанските организации.

фото: МИА

Share This Article