Евреите со израелски знамиња ќе маршираат низ муслиманските делови на Ерусалим

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Жителите на Ерусалим се подготвуваат да маршираат со знамиња низ муслиманските делови на Стариот град. Тоа е настан кој често е проследен со насилство. Маршот за Денот на Ерусалим, организиран од илјадници еврејски националисти, го слави заземањето на Источен Ерусалим и неговите свети места во војната во 1967 година.

За време на маршот често има жестоки судири меѓу националистите и палестинските жители на Стариот град, како и говор на омраза против Арапите и вандализам на палестинскиот имот. По немирите во 2021 година, премиерот Бенјамин Нетанјаху нареди промена на рутата за да се избегне главната муслиманска сообраќајница, но насилството тој ден сепак придонесе за избувнување на 11-дневната војна меѓу Израел и Хамас.

Во 2022 година, маршрутата не беше променета и покрај предупредувањата од неколку страни, вклучително и поранешниот американски амбасадор во Израел, Том Нидес, дека маршот може да предизвика дополнително насилство. Дојдоа околу 70.000 луѓе, што е поголема излезност од вообичаено. По тој повод десетици луѓе се повредени во израелско-палестинските судири и судирите со полицијата, пишува Гардијан.
Минатогодишниот марш, кој дојде неколку дена по прекинот на огнот со кој заврши петдневното насилство меѓу Израел и Хамас, помина без инциденти. Оваа година тензиите се на високо ниво поради повеќемесечната војна која сè уште трае.

Израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, кој е одговорен за полицијата, минатата недела најави дека ќе учествува на маршот и ги охрабри поддржувачите да се приклучат. Израелската полиција соопшти дека околу 3.000 полицајци ќе бидат распоредени во Стариот град и околните области во среда попладне и дека неколку главни патишта ќе бидат затворени.

„Полицијата ги повикува учесниците на маршот со знамињата и јавноста да ги следат полициските инструкции, да избегнуваат какво било физичко или вербално насилство и да се погрижат настанот да се одвива безбедно со строго почитување на законот и редот. Полицијата строго ќе се справи со сите нарушувања или акти на насилство“ – се вели во соопштението од полицијата.

Палестинската управа или јорданскиот Вакуф, кој управува со муслиманските свети места во Стариот град, не ги коментираа  плановите настанот да се одржи како и вообичаено. Во последниве години, арапските власти беа гласни во своето противење на настанот.
Улиците на стариот град на Ерусалим се тивки од избувнувањето на војната, со малку туристи или аџии, а затворени се многу продавници и ресторани. Областа на Ридот на храмот исто така е невообичаено тивка бидејќи Израел од октомври го ограничи пристапот до локацијата за палестинските мажи над 55 години и за жените над 50 години.

Според долгогодишниот компромисен договор, на Евреите им е дозволено да ја посетуваат, но не и да се молат на Ридот на храмот. Меѓутоа, во последниве години, зголемениот број еврејски посетители, кои понекогаш се молат, ги поттикна долгогодишните стравови на Палестинците дека Израел планира да ја анектира областа.

Во мај, Бен-Гвир ја посети Ридот на храмот за прв пат од 7 октомври. Неговата партија Еврејска моќ долго време се залагаше за еврејски суверенитет над местото.

Share This Article