More

    НАТО развива повеќе „копнени коридори“ за брзо движење на американските трупи и оклопни линии на фронтот во случај на голема европска копнена војна со Русија

    spot_img

    НАТО развива повеќе „копнени коридори“ за брзо движење на американските трупи и оклопни линии на фронтот во случај на голема европска копнена војна со Русија, пишува ДејлиТелеграф.

    Американските војници ќе слетаат на едно од петте пристаништа и ќе бидат канализирани по однапред планирани логистички рути за да се спротивстават на можен напад од Москва, изјавија официјални лица за Телеграф.

    Логистичките патишта станаа клучен приоритет откако лидерите на НАТО се согласија да подготват 300.000 војници кои ќе бидат држени во состојба на висока подготвеност за одбрана на Алијансата на самитот во Вилнус, Литванија, минатата година.

    Прва опција, истовар во Ротердам

    Постојните планови предвидуваат американски војници да слетаат во холандските пристаништа пред да се качат на возовите што ги превезуваат низ Германија и понатаму во Полска.

    Во случај на руска инвазија на НАТО, американските трупи ќе бидат испратени до пристаништето Ротердам пред да бидат транспортирани кон исток.

    Но, и зад сцената се прават аранжмани за проширување на рутите до други пристаништа за да се осигура дека копнената линија на комуникациите не може да биде прекината од силите на Москва.

     

     

    Втора опција, Италија, Грција и Турција

    Генерал-полковник Александар Солфранк, началникот на логистичката команда на НАТО, изјави за Телеграф:

    – Украина многу страда од овие руски ракетни напади со долг дострел врз логистичките системи.

    Доколку силите на НАТО кои влегуваат од Холандија бидат погодени од руско бомбардирање или бидат уништени северноевропските пристаништа, Алијансата ќе го префрли фокусот на пристаништата во Италија, Грција и во Турција.

    Од италијанските пристаништа, американските трупи би можеле да бидат пренесени преку копно преку Словенија, Хрватска до Унгарија, која ја дели границата со Украина.

    Постојат слични планови за транспорт на силите од турските и грчките пристаништа преку Бугарија и Романија за да стигнат до источното крило на алијансата.

    Се подготвуваат и планови за транспорт на војници преку пристаништата на Балканот, како и преку Норвешка, Шведска и Финска.

    Во овие коридори, националните војски нема да бидат ограничени со локалните прописи и ќе можат слободно да транспортираат пратки без нормални ограничувања.

    Најмногу руски ракети би паднале во Северна Европа

    Претходно, француската влада се пожали дека нејзините тенкови биле заробени на странските граници со бирократски процеси додека се обидувале да се распоредат во Романија како дел од новата шема за одбрана од страшната руска инвазија.

    Во последните пет години, логистичката команда на Алијансата изврши прегледи за да открие различни правци кои би можеле да се користат за испорака на војници за борба против руската инвазија.

    Пристаништата во северна Европа, како Холандија, Германија и Балтикот, се сметаат за особено подложни на руски ракетни напади.

    Генерал-полковник Солфранк вели:

    – Сè е создадено на начин за да постои потребната издржливост, робусност, резерви и исто така технолошки вишок.

    Нема веќе големи бази како во Авганистан и во Ирак

    Но, по предупредувањата дека НАТО има само 5 отсто од потребната противвоздушна одбрана за да го покрие своето источно крило, командантот на логистичката команда е загрижен за способностите земја-воздух да ги брани своите клучни логистички центри.

    – Набљудувајќи и оценувајќи ја руската војна во Украина, забележавме дека Русија ги нападна логистичките бази на Украина – објаснува тој и додава:

    – Тоа мора да доведе до заклучокот дека е јасно дека огромните логистички бази, какви што ги знаеме од Авганистан и Ирак, веќе не се можни бидејќи тие ќе бидат нападнати и уништени многу рано во конфликтна ситуација.

    Во однос на потенцијланата воздушна војна меѓу НАТО и Русија генералот вели:

    – Што се однесува до воздушната одбрана… Секогаш е малку. Не можам да замислам ситуација да имате доволно воздушна одбрана. Тоа е добар пример каде што се применува воениот принцип: „ако сакате да бидете силни насекаде, никаде не сте силни“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img