Евреи во Њујорк протистираа против акцијата на Израел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Околу 500 демонстранти, повеќето членови на групата „Еврејски глас за мир“, се собраа вчера кај Статуата на слободата во Њујорк, барајќи прекин на огнот во Појасот Газа, каде што во последниот месец, според палестинските здравствени власти, загинаа повеќе од 10.000 луѓе, меѓу кои околу 4.000 деца.

Ова е трет собир организиран од групата во последниве недели, по еден одржан на станицата Гранд Централ на Менхетен и еден пред Капитол Хил во Вашингтон.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Прекинете го огнот сега!“ и „Целиот свет гледа“ и извикуваа „Никогаш повеќе никому, никогаш повеќе не е сега“, што беше еврејскиот крик по холокаустот.

„Исто како и Палестинците, така и многу од нашите предци копнееја да дишат слободно“, објави групата преку социјалната мрежа Х.

Групата „Еврејски глас за мир“ се противи на политиката на актуелната израелска влада кон Палестинците, сметајќи ја за еден вид апартхејд.

Share This Article