Еветон е во голема резултатска криза и моментално е претпоследен во Премиер лигата.
И покрај лошите изданија во дефанзивниот дел на тимот, тренерот Френк Лампард не му дава шанса на Асмир Беговиќ во првенството. Бх. интернационалецот оваа сезона успеа да забележи само три настапи за клубот од Ливерпул во сите натпреварувања.
Англискиот медиум Sky Sports пренесува дека Евертон ја одбил понудата на Ал Наср за Беговиќ. Клубот од Саудиска Арабија сака да го доведе на позајмица и се претпоставува дека многу брзо ќе следи нова понуда.
Договорот на Беговиќ за англискиот тим е обврзувачки за уште шест месеци.