More

    Еве зошто Мароканците го опколија и го навредуваа судијата по мечот

    spot_img

    По поразот од Хрватска во мечот за 3. место на Светското првенство во Катар, репрезентативците на Мароко целосно ги загубија нервите и започнаа жестока пресметка со судијата. Тие веднаш по крајот на натпреварот го опколија Абдулрахман Ал Џасим (35) од Катар, а странските медиуми пишуваат дека и го навредувале.

    Синоќа не беше јасно што ги налути Мароканците, особено ако се земе предвид дека единствената поголема грешка на судиите на мечот беше онаа на штета на Хрватска, кога не беше досуден удар од белата точка по очигледен фаул над Гвардиола. Гвардиол беше соборен во шеснаесетникот на Мароко, беше чист фаул за пенал, но катарскиот судија не одигра ништо и дозволи играта да продолжи. По забавената снимка беше јасно дека фаулот постои.

    Денеска стигна објаснување од мароканските медиуми. Тој што најбурно реагираше, дефанзивецот Ахраф Хакими, се запали бидејќи веруваше дека судијата не покажа на белата точка откако Петковиќ направи прекршок врз него за пенал.

    Станува збор за ситуацијата која се случи откако Ливаковиќ брилијантно го одбрани ударот на Ен-Несири. Во продолжението на акцијата Хакими ја прими топката на дваесетина метри и се упати кон голот, а потоа падна во дуел со хрватскиот напаѓач.

    Судијата не досуди прекршок, а не реагираше ниту ВАР. Забавена снимка покажа дека Хакими падна откако двајца играчи се туркаа, но судијата и да означеше прекршок, тоа немаше да биде пенал бидејќи почетокот на дуелот беше надвор од шеснаесетникот. Затоа, гневот на Хакими е прилично бесмислен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img