Ненадејното заминување на Андре Онана од репрезентацијата на Камерун беше еден од најголемите скандали на Светското првенство во Катар.
Репрезентацијата на Камерун се збогуваше од Мундијалот со победа против Бразил во третото коло од групата Г. Камерунците на крајот освоија четири бода што не им беше доволно да минат, а нивниот настап остана во сенка на бркањето на еден од најголемите ѕвезди, голманот Андреа Онана.
Во пресрет на натпреварот од второто коло со Србија, селекторот Ригоберт Сонг го изостави од тимот, а ден подоцна му беше соопштено дека Онан повеќе нема да настапува за Камерун на овој турнир.
Многумина се прашуваа која е причината за ваквата одлука на Сонг, со оглед на тоа што се работи за одличен голман, кој со години одлично го чува голот на Ајакс, а од оваа сезона брани за Интер.
Онана му кажа на тренерот Сонг дека не сака да разговара со него
Сега, со мало временско задоцнување и откако Камерунците веќе го напуштија Катар, се чини дека е откриено она што претходеше на се.
Имено, се појави видео во кое се слуша гласот на селекторот Сонг, кој на својот постар брат му ја откри недисциплината која Онана ја прикажа за време на престојот на Мундијалот.
„Му се јавувам пред натпреварот, но тој не доаѓа. На тренинзите сакаше да работи исклучиво индивидуално, а на натпреварите ризикуваше многу. Го замолив да престане да ризикува и тој ми рече дека не сака да разговара со мене за тоа. Му одговорив: „Разговарам со Абубакар, Чупо-Мотинг, Замбо Ангвис. Кој си ти што не можам да зборувам со тебе?’“, раскажува Сонг.
Логично, појавувањето на таа снимка во јавноста го подигна скандалот на дополнително ниво. Онана тврди дека вистината еден ден ќе излезе на виделина, а Сонг се правда дека трето лице влегло во неговата канцеларија во Фудбалската асоцијација на Камерун и тајно го снимал разговорот со неговиот брат.