„Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја“. Вака гласи првата реченица во заканувачките пораки што денеска пристигнаа во повеќе институции и во кои се вели дека во објектите се поставени експлозиви.
Над 20 дојави за поставени бомби пристигнаа на разни мејл адреси, овојпат во Скопје и во Битола. За првпат беше таргериран Меѓународниот аеродром Скопје, а истата заканувачка порака беше испратена во истиот мејл и до ФФМ, до фудбалските клубови Вардар и Работнички, на два мејла во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, на два во хотелот Александар Палас и на еден мејл во Мериот како и во Галијата на кејот 13 ноември и повторно трговскиот Ист Гејт Мол.
„Македонците се соучесници во уништувањето на мојата земја. Затоа на денешниот ден се удруживме со нашите истомисленици и политички партии за да ги минираме следните локации во Скопје и тоа со 8 бомби на Меѓународен аеродром Скопје, 2 бомби во Арена Борис Трајковски, 3 бомби во Националната Арена Тоше Проески, 1 бомба во зградата на Фудбалска Федерација на Македонија, 1 бомба во Трговскиот шопинг центар East Gate Mall, 2 бомби во Мерриотт Хотел Скопје, 1 бомба во Хотел Сенигаллиа Скопје“, наведено е во заканувачкиот мејл.
Таму е наведено и дека бомбите се активираат со „сеизматичен покрет“.
„Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, ебани гомна“, се вели во мејлот.