Еве што рече Данијела Мартиновиќ по венчавката на Петар Грашо и Хана Хуљиќ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пејачот Петар Грашо (45) и ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ (31), со која музичарот чека дете, неодамна се заколнаа на вечна љубов во црквата Свети Доминик во Сплит, Хрватска.

По склопувањето на бракот на Грашо и Хана, многумина се осврнаа и на неговата 24-годишна врска со Данијела Мартиновиќ, а пејачката сега за првпат се огласи.

Грашо и Данијела беа во врска повеќе од две децении, а потоа нагло раскинаа, па тој влезе во врска со Хана, но Данјиела остана достоинствена и не дозволи да страда (барем не јавно), а во едно интервју даде загонетна изјава:

„Многу е тешко да се направи разлика помеѓу она што е загуба и она што е добивка, бидејќи она што во еден момент ни изгледа како загуба со текот на времето станува добивка, а исто така и она што ни изгледа како добивка, со текот на времето можеме да го доживееме како загуба. Тоа е магијата на времето“, изјавила Данијела за хрватските медиуми и јасно ставила до знаење дека времето „го направило своето“.

Петар Грашо и Хана Хуљиќ се венчаа на 19 февруари, а за некој месец ќе станат и родители. Откако во јавноста се дозна за нивната врска, не престануваат написите во медиумите за нив двајца.

Share This Article