Кошаркарите на Далас на гостински терен ја победија Минесота 124-103 и со 4-1 во серија ја освои шампионската титула во Западната конференција, а во големото финале ќе игра против Бостон кој стана шампион на Истокот со триумф над Индијана со 4-0.
Далас до победата го предводеа Лука Дончиќ со 36 поени, од кои 20 постигна во првата четвртина, а имаше и 10 скока и 5 асистенции и Кајри Ирвинг со 36 поени, 5 асистенции и 4 скока.
По пласманот на Далас во големото финале, Словенецот отвори пиво со својот татко Саша и ја прослави победата на вистински балкански начин. Но уживањето на најдобриот кошаркар на Далас му го расипа легендарниот Мајкл Финли кој му пријде и дискретно му го зеде пивото од раце.
Секако, клипот веднаш стана вирален и кај фановите отвори дилеми за потегот на Финли.