More

    Уште една можна потешкотија ги чека македонските туристи кои планираат да ја посетат Грција летово – Еве што гради нашиот јужен сосед и како да го избегнете

    spot_img

    Уште една можна потешкотија ги чека македонските туристи кои планираат да ја посетат Грција летово, а не е поврзана со проблемот со новите пасоши. Се работи за градежни работи пред обиколницата во Солун кои се дел од големиот проект „Прелет“, а кои можат да направат сообраќаен метеж и дополнителна гужва.

    Граѓани од Србија на Фејсбук групата „Грчка инфо“ го коментираат овој нов градежен зафат кој треба со проширување, надвозници и нови клучки да направи нова врска меѓу југот и истокот на Солун. Грчкиот премиер Кирјакос најави дека може да има непријатности:

    – Во ноември почна да се гради најголемиот автопат во Грција. Да, ова ќе донесе некои непријатности, но за ова разговаравме со градските раководители и во соработка со Управата за сообраќај, Солун конечно ќе добие нешто што му недостига – нагласи Мицотакис.

    Се работи за 13 километри нов пат, со девет клучки, 10 надвозници и три нови тунели. На интернет се појавија повеќе снимки од тоа како би изгледало ова „прелетување“ на постојната обиколница пред Солун која води кон Халкидики, автопатот Иганција и кон аеродромот „Македонија“.

     

    Според информациите што фесјбук групата „Грчка Инфо“ ги добила од своите колеги од Грција, важно е да се знае дека поминувањето низ обиколницата треба да се избегнува за време на шпиц – наутро помеѓу 7 и 10:30 часот и попладне од 3 до 7 часот.

    „Гужвата на обиколницата е веќе започната, така што ова лето ќе ни треба малку повеќе трпение, особено за туристите кои ќе летуваат на Халкидики (Тука не се брои Атос, бидејќи може да се стигне по друга релација), а за останатите кои планираат да го посетат Солун за време на одморот“, се наведува во соопштението.

    Според нив автопатот „Игнација“ конечно е расчистена и на неа нема повеќе градежни работи, па сите коловозни ленти ќе бидат слободни. И на солунската улица Цимицки и авенијата Никис (која се протега покрај морето до плоштадот Аристотел и Белата кула) полицијата постојано дежура и забранува запирање на автомобили за да се забрза сообраќајот.

    „Значи, алтернативата на обиколницата ќе биде да поминувате низ центарот на градот, покрај морето, како и досега, а читајќи ги вашите коментари гледаме дека многумина од вас на Халкидики патувале исклучиво по патот кој оди покрај морето“, се наведува во оваа група на Фејсбук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img