Еве што досега знаеме за потрагата во водите на Атлантикот

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американските и канадските власти имаат помалку од три дена за да ја најдат потонатата подморница „Титан“ која вчера потона на мисија во која требаше да нурне до потонатиот брод „Титаник“. Се верува дека во екипаожот се двајца Пакистанци и самиот сопственик на компанијата ОушнГејт чија е подморницата тешката 10,4 тони, а долга 6,7 метри.

– На подморницата можеби ѝ останале помалку од 70 часа кислород – изјави адмирал Џон Маугер, командант на округот на Првата крајбрежна стража.

Френк Овен, поранешен офицер на подморницата, вели дека предизвикот за луѓето на подморницата ќе биде да ја задржат смиреноста и да не трошат премногу кислород.

Во тек е голема пребарувачка мисија во Атлантскиот Оекан кај Њу Фаундленд. Контактот бил изгубен 1 час и 45 минути по нејзиното нурнување, соопшти американската крајбрежна стража. Операцијата се води од Бостон.

Петмината туристи платиле по 250.000 долари за оваа мисија која тргнала наопаку, а требала да биде осумдневно патување од кое делот со нуркањето било предвидено да трае 4 дена, односно 96 часа.

Поларниот Принц трага по Титанот и по Титаник

Потрагата се наоѓа во оддалечени области на Атлантикот што ги прави операциите сложени и отежнати. Самата подморница тргнала да го бара историскиот потонат брод Титаник кој се наоѓа на 700 километри јужно од Сент Џонс, Њуфаундленд, пишува Би-Би-Си.

Бродот кој ја бара подморницата се нарекува Поларен принц и според американската крајбрежна стража тој синоќа цело време бил во потрага. Засега нема траги. Користени се воени авиони, подморница и сонарни пловци.
Се анализира и морското дно.

Администраторот Џон Маугер од американската крајбрежна стража рече дека „се концентрираме да внесеме колку што можеме повеќе способност во областа“.

- Advertisement -
Ad image

„Ја возите подморницава со далечинско за Екс-бокс, па нормално дека ќе ви потоне!“

Новинарот на Си-Би-Ес, Дејвид Пог, кој беше поканет да патува со подморницата Титан на ОушнГејт на прес-патување минатата година изјави за Би-Би-Си дека патниците биле запечатени во главната капсула со неколку завртки кои биле нанесени однадвор кои потоа морале да бидат отстранети од надворешен екипаж.

Тој рече дека првично мислел дека подлогата изгледала импровизирана:

– Ја контролирате подморицава со далечинско за Екс-бокс, а за дел од товарот ставен за да се балансира подморницата искористени се цевки – рече тој и додаде:

- Advertisement -
Ad image

– Ако подлогата се заглави или протече „нема резервна копија, нема место за бегство.

фото: твитер/принтскрин

Кои се останатите заглавени на подморницата?

Меѓу петте лица во подморницата е и богатиот британски милијардер, бизнисменот Хамиш Хардинг, директор на компанијата „Екшн Авиеишн“ (Action Aviation), пренесуваат агенциите.

„Екипажот на подморницата се состои од неколку легендарни истражувачи, од кои некои направиле повеќе од 30 нуркања до РМС „Титаник“ од 1980-тите“, напиша Хардинг на социјалните мрежи пред патувањето.

Наводно, во подморницата бил и 73-годишниот Французин Пол-Хенри Наргеолет. Би-Би-Си не ја потврди независно оваа информација.

Двајца Пакистанци, Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман, исто така биле во експедицијата од пет лица, според соопштението објавено од семејството.

Давуд е управник на Институтот СЕТИ, непрофитна организација со седиште во Калифорнија, според веб-страницата на организацијата.

Share This Article