More

    Еве што беше одлучено на денешната седница на Владата

    spot_img

    На денешната 112 седница на Владата беа донесени неколку одлуки. Владата го утврди Предлогот на Законот за ратификација на Договорот за ФРОНТЕКС со кој Македонија ќе може да воспоставува операции за заедничка безбедност со ЕУ. Договорот понатаму ќе треба да се ратификува.

    Меѓу одлуките на Владата е и доделувањето на 65милиони денари на општина Дојран за за реконструкција на колекторскиот систем и на пречистителната станица. Одобрени се и 200 милиони денари на Општина Ликово за финансирање на водоснабдителните системи.

    На седницата е усвоена Информацијата за исплата на пензиите за декември 2022 година. Владата им препорача на банките да ги исплатат пензиите во четири групи:

    –          За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник);

    –          За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2022 година (среда);

    –          За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2022 година (четврток), и

    –          За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 30.12.2022 година (петок).

    Владата, на денешната седница донесе и одлука за воспоставување дипломатски односи помеѓу Република Северна Македонија и Јужноафриканската Република на ниво на амбасадори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img