More

    Еве што бара палестинското милитантно движење од Израел

    spot_img

    Палестинското милитантно движење Хамас на посредниците во преговорите им претстави контрапредлог за договорот за размена на заложници во индиректните разговори за постигнување прекин на огнот во војната во Газа, објави израелскиот весник Хаарец.

    Предлогот предвидува ослободување на израелските заложници во замена за Палестинците од израелските затвори и постепено повлекување на израелската армија од Појасот Газа по 42-дневен прекин на огнот, објави во неделата израелскиот весник, повикувајќи се на палестински и арапски извори.

    Хамас претходно го отфрли американскиот компромисен предлог за ослободување на 40 заложници во замена за 900 палестински затвореници за време на шестнеделното примирје.

    „Хаарец“ наведува дека во контрапредлогот на Хамас се бара израелската армија да престане со борбите во првичниот шестнеделен прекин на огнот и да се повлече од урбаните центри. Во исто време, на бегалците би им се овозможило да се вратат на север од Појасот. Во овој период Хамас ќе ги пронајде сите заложници во борбените области и ќе ја утврди нивната здравствена состојба.

    Во втората фаза израелската армија би се повлекла на територијата на Израел, па дури потоа би почнала размената на приведените, пишува израелскиот медиум.

    За секој израелски цивил би биле ослободени 30 палестински затвореници, а за секој војник 50 Палестинци, од кои 30 отслужуваат доживотна казна. Израелските војници и загинатите заложници би биле предадени во третата и последна фаза, кога ќе заврши опсадата на Газа и ќе почне реконструкцијата на областа.

    Израел претходно процени дека околу 100 од околу 130 заложници кои останаа во палестинската енклава се живи. Сега се стравува дека има уште повеќе мртви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img