Видеото на „TikTok“ од човек кој носи еден куп ќеси од продавница стана вирално на сите социјални мрежи, а корисниците го коментираат со изреката „кога има волја, има и начин“.
Видеото е снимено на паркингот на познат ланец на намирници во Америка и Канада. Непознатиот маж смислил добар план да ги однесе дома ќесите полни со намирници.
Тој облекол сигнален елек за што побезбедно да го управува електричниот тротинет во сообраќајот, а потоа на него закачуваше ќеса по ќеса.
Во тоа му помогна мажот кој го сними неговиот потфат и на кого му рече дека не му треба помош бидејќи тоа го прави секоја недела.
Кога на крајот му остана уште да ја земе огромната лубеница, тој од ранчето извади носач за бебиња и ја стави во него.
Овој клип на „TikTok“ моментално има 136,2 милиони прегледи, 11,4 милиони лајкови, над 138.000 коментари и над 711.000 споделувања
„Секоја чест за снаодливоста“, „Почит“, „Ова е генијално“, коментираат корисниците на социјалните мрежи.