Прекарот Мистијано Пендалдо славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо го заработи откако не реализираше пенал во регуларниот дел на мечот со Словенија, по што се расплака како мало дете.
Но, мечот меѓу Португалија и Словенија беше решен на пенали, а во пенал-рулетот Роналдо го постигна првиот гол за својот национален тим. Одлучни за победата на Португалија беа трите фантастични одбрани на голманот Диего Коста.
Интересно е дека во текот на изведувањето на пеналите, Роналдо на раката постојано носел монитор за отчукувањата на срцето (WHOOP 4.0). Сега се објавени податоци за пулсот на капитенот на Португалија во тие критични моменти.
Така, пред успешно да го изведе својот пеналот, Роналдо успеал да го намали пулсот на околу 100 отчукувања во минута, што е најниско ниво на вечерта.
Откако неговиот соиграч Бруно Фернандеш бил прецизен од белата точка, пулсот на Роналдо скокнал на 125.
Кога одличниот голман Диого Коста го одбрани третиот пенал за Словенците, пулсот на Роналдо скокна на 170 отчукувања во минута, пред пеналот со кој Бернардо Силва обезбеди победа за Португалците.
Во пресрет на мечот со Романија, беа објавени и податоци поврзани со холандскиот стопер Вирџил ван Дијк. Тој спиел 7 часа и 46 минути ноќта пред мечот со Романија (3:0), а потоа дремел уште еден час и половина во доцните утрински часови, за да може дополнително да се одмори пред напорите што ги носи настапот на Европското првенство.
Ван Дијк потоа забележал оценка за стрес од 20,1 во текот на 90 минути, што е начин да се измери количината на физички и ментален стрес што го доживеал за време на судењето со Романците.