Еве кој голман ќе го замени повредениот Тер Штеген

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Голманот Војчех Шчесни ќе потпише договор со Барселона во понеделник на 30 септември, објави новинарот Фабрицио Романо.

Триесет и четиригодишниот полски голман кој се пензионираше на крајот на август, ќе се врати во фудбалот за да го замени Марк-Андре тер Штеген во каталонскиот клуб, кој заработи тешка повреда на коленото и ќе пропушти околу осум месеци.

Шченсни имал бројни понуди да остане во Европа, но и да се пресели на Блискиот Исток или Америка – ги одбил сите. Сепак, поканата на Барселона ја сврти ситуацијата во друга насока. Имено, Роберт Левандовски, неговиот кум и добар пријател, имал главна улога во преговорите помеѓу клубот и Шчесни.

Детали за договорот на Шчесни со Барселона не се прецизирани.

Претходниот тим на фудбалерот беше Јувентус, за кој настапуваше од јули 2017 до август 2024 година. Шчесни бранеше и за Арсенал, Брентфорд и Рома.

Share This Article